Google Hangouts доби опција за да ги сликате најдобрите моменти

Google претстави нова апликација за Hangouts која ќе ви овозможи да ги „фатите“ моментите со пријателите додека сте на видео сервисот. Без разлика на тоа дали сакаате да запомните некој момент или да се насмеете на гримасите на вашите соговорници апликацијата секако ќе ви го олесни ова.

Честопати фаќање на моментите кога се случуваат е предизвик, затоа денес воведуваме нова Hangout Capture App. Со неа може да „фотографирате“ додека видео-разговорот е во тек, а воведовме и додатоци кои не се можни со вообичаените „screenshot“-акции.

Апликацијата наликува на вообичаените „камери“ и вообичаено со притискање на едно копче ќе го „овековечи“-моментот. Но импресивно споделувањето на фотографиите, бидејќи автоматски го споделува со учесниците во Hangout. Покрај ова сите учесници во разговорот ќе знаат кога е вклучена апликацијата, ни и кога ќе фотографирате. Апликацијата ќе биде достапна насекаде наскоро, а до тогаш ќе може да се снаоѓате со „Screenshot“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии