Google го вработи основачот на 4Chan

Google го регрутираше креаторот на популарниот, но и екстремно контроверзниот форум 4chan, Кристофер Пул кој онлајн е попознат како „moot“. Г. Пул најверојатно ќе биде дел од тимот зад социјалната мрежа Google+ (да, сè уште постои) и можеби ќе треба да пронајде нов начин да ја заживее веќе подзаборавената платформа. Смeстувањето на г. Пул во Google+ не е официјално објавенa вест, но со оглед на 12 годишното искуство кое го има основачот на 4chan во градење на онлајн заедници, тешко е да се претпостави дека Google ќе го стави на некое друго место. И тој самиот смета дека градењето на онлајн заедница е причината поради која е „регрутиран“.

„Кога се среќавам со сегашни и поранешни Googlers, постојано ме воодушевува нивната интелегенција, страст и ентузијазам – како и универзална желба за споделување со другите. Подеднакво сум импресиониран од определбата на Google да се овозможи некои од најталентираните луѓе во светот да се справат со наинтересните и најголемите проблеми“, објави г. Пул на својот блог.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии