Google го стартува Boutiques.com, визуелно пребарување на модата

Зa разлика од пребарување за продукти, визуелниот Boutiques.com е според неодамна купениот Like.com, односно пребарувањето на продукти сега има нова димензија, нудејќи можност за пребарување на продукти според боја и куп разни други визуелни детали, но и можност за пребарување на слични продукти сугерирани од модни дизајнери и познати личности.

„Boutiques користи компјутерска визија и технологија за машината да учи да може визуелно да го анализира вашиот вкус и да го спореди со продуктите кои би ви се допаднале.“ објаснува Google.

Boutiqes.com нуди неколку вида пребарувања и откривање продукти, според:

  • Напредни филтри за пребарување – според пол, силуета, шема, боја и големина.
  • Инспиративни фотографии – барање на идеја за продукт според стилизирани маникени од разни сајтови за мода.
  • Комплетирање на изглед – Споредување на продукти, кое парче облека одговара со друго, користејќи совети и правила од модни дизајнери.
  • Визуелно пребарување – прегледување на ист продукт но во различна боја. Google ги анализира фотографиите според боја, модел, вид и се обидува да даде соодветен резултат.

Интересно, на Boutiques.com нема да го најдете Google логото. Продуктите од Boutiques.com моментално се достапни само во САД и само за женски продукти, но Google најави проширување во иднина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии