Google го ребрендира Android Market во Google Play Store

Во наредниве неколку дена, Android Маrket на телефонит и таблет компјутерите ќе биде надограден во Google Play. Ова е нова продавница на која може да најдете аплкации, книги и мултимедијална содржина како филмови и музика.

Google Play ќе ги соедини во едно до сега познатите Android Market, Google Music, Google Books и Google Video. Промената нема во сервисите туку само во брендирањето бидејќи Google сака да ја претстави сета нивна содржина на корисниците од едно место.

Play ќе функционира како конкурентниот Apple iTunes. Базиран е на облакот така да сета музика, филмови, книги и апликации ќе бидат складирани на Веб за да може да се пристапи до нив од било каде и било кое време. На облакот ќе може да се закачат 20.000 песни, ќе се има пристап до 450.000 Android апликации, и ќе може да се изнајмуваат HD филмови.

Сите овие апликации кои се дел од новата продавница, во тие земји во кои се достапни, ќе бидат надоградени во Google Play. Македонските корисници преку Play ќе можат да најдат апликации.

[youtube]GdZxbmEHW7M[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии