Google го ребрендира AdWords во Google Ads

Image courtesy of Google / YouTube

Најголемата мрежа за огласување AdWords сега има ново име, Google Ads. Промената треба да ги долови сите платформи на кои се достапни рекламите на огласувачите. Ако сте маркетер тогаш немате причина за грижа, станува збор речиси исклучиво за промена во името.

„Ова е примарно само промена на името, но ја покажува и насоката во која последниве неколку години го насочуваме производот“, вели Сридах Рамасвами, заменик преседател на Ads & Commerce.

Промената носи и поделба на сите огласите на Google во три дела:  Google Ads, Google Marketing Platform и Google Ad Manager. Првиот оддел Google Ads се поранешните AdWords. Другите два дела треба да го олеснат огласувањето и да им помогнат на огласувачите да го направат вистинскиот избор за себе. Она што е непроменето се платформите на кои ќе се појават огласите. Така со Google Ads рекламите на корисниците ќе може да се презентираат на пребарувачот, како дисплеј огласи, YouTube видеа или за апликациите на Google Play.

Еден од новитетите е Smart Campaigns, функционалност која на корисниците ќе им помогне да одберат што е посакуваниот исход од рекламите. Дали тоа се телефонски повици, посети во продавниците или продажби. Со едноставен избор понатаму Google преку вештачка интелигенција ќе приоритизира сè за посакуваното решение.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии