Google го претстави Knowledge Graph, најголемата новина во пребарувањето до сега

Google полека, но сигурно започнува да го воведување долгоочекуваното семантичко пребарување што комплетно ќе го промени начинот на како наоѓаме информации на интернет.

Новината, сега позната како Knowledge Graph, треба да ви ги донесе резултатите кои ги посакувате без да се губите по веб страни и линкови. Сега со Кnowledge Graph кога ќе пребарувате термин како Бенџамин Френклин, Google ќе ви прикаже ново поле од десната страна од резултатите кое ќе содржи куп општи информации за американскиот иноватор, или било кој друг термин што го пребарувате и за кој Google ги има соберено сите можни информации.

Клучот на оваа новина е што сега Google ќе може да ви даде информации веднаш откако ќе го откуцате терминот, без потреба да отварате нови страни. Наместо да отварате Wikipedia статија за Бенџамин Френклин и да пребарувате, вие веднаш ќе ги имате потребните информации на Google.com, заедно со дополнително предложени информации што можеби ќе ви се интересни. Доколку сакате да отворите линк до друг веб сајт со информации за терминот кој што ќе го пребарувате, можете слободно да одберете еден од резултатите.

Ако пребарувате општ термин со повеќе значења, пример „Galaxy”, Google од десната страна на резултатите ќе ви прикаже опција да одберете дали мислите на галаксија како соѕвездие или на мобилен телефон од Samsung. Така наместо да добиете куп збунувачки резултати, ќе ги добиете тие што се поврзани само со бараниот термин.

Кnowledge Graph ќе започне да се појавува во наредниве денови, и со него ќе имате опција да му кажете на Google кои информации ви беа корисни, а кои не, за да може следниот пат пребарувачот да ви го даде тоа што навистина го барате.

Google работи две години на ова семантичко пребарување кое сега има информации за над 500 милиони луѓе, и има индексирано 3,5 милијарди термини и конекции меѓу објектите со информациите соберени од куп други релевантни извори. Оваа новина не доближува поблиску до вистинското семантичко пребарување, кога ќе може да го прашате Google конкретно прашање и тој да ви даде конкретен одговор без да се губите по линкови. Благодарение на структурата на Knowledge Graph, тоа ќе биде и следниот чекор на Google.

[youtube]mmQl6VGvX-c[/youtube]

1 коментар на “Google го претстави Knowledge Graph, најголемата новина во пребарувањето до сега

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии