Google го претстави Gingerbread заедно со новиот Nexus S

„Колачето од ѓумбир“ или 2.3 е најбрзата верзија на Android мобилниот оперативен систем, која се фокусира на побрз гејминг и подобро мултимедијално искуство. Еве ги новините:

  • промени на корисничкиот интерфејс (UI) за побрзо функционирање и да биде поефикасен во однос на батеријата, има и поедноставна навигација;
  • нова тастатура за побрзо куцање, со редизајнирани копчиња за поточно кликање;
  • копирање и пастирање со еден клик. Стискањето врз збор го стартува модот за слободното селектирање;
  • системот сега подобро ги менаџира отворените апликации во позадина што доведува до повеќе траење на батеријата;
  • интернет VoIP/SIP повици;
  • има NFC читач (near-field communications) за читање на NFC тагови од секојдневни објекти како постери, стикери и реклами;
  • претставен е менаџер за симнатите фајлови од прелистувач, имејл или друга апликација;
  • има кул опција за истовремено стартување на неколку камери на уредот, вклучувајќи ја и предната камера;

Google ги објави и софтверските алатки Gingerbread SDK/NDK за развивачите на апликации. Деталните новини во Gingerbread важни за развивачите ќе ги најдете тука.

Nexus S

Nexus S е вториот Google-ов мобилен телефон изработен со помош на Samsung, и е првиот телефон со 4 инчен Contour дисплеј со појак контраст. Работи на 1GHz Hummingbird процесор со 16GB внатрешна меморија, има предна камера со VGA квалитет и задна камера од 5 мегапиксели со можност за снимање HD видеа… сите детали за телефонот ќе ги најдете на официјалниот сајт.

Телефонот ќе биде достапен во САД од 16-ти декември, а во Велика Британија од 20-ти.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии