Google го претстави финалниот прототип на своето автономно возило

Google го претстави прототипот на своето автономно возило. Финална верзија е со минимални промени од моделот кој компанијата го претстави во мај, но Google сега сака да ги искористи празниците за да го тестира возилото, а следната година се надева дека ќе може да се вози автономнов и на улиците во Северна Калифорнија.

Интересно помеѓу првите кои имаат можност да го тестираат возилото е Метју Инман од Oatmeal, кој е импресиониран од возилото. Тоа што го дознавме од неговите тестови е дека Google работи на неколку нивоа на агресивност кои ги тестира во моментов, од „преплашен студент“ до ниво на агресивност од кое ќе ви „замрзне крвта“, иако овој тест не го доживеал самиот.

„Возењето во автонимен автомобил не е сајбер-возбуда која можеби ја очекувате. Автомобилот вози како човек и за неколку минути ќе заборавите дека станува збор за автономно возило. Заборавате дека возилото прави разлика помеѓу: пешаци, мопеди и ракуни. Ќе заоравите дека од ласерот се емитираат и толкуваат милиони фотони, дека возилото ги процесира и интерпретира реакциите со рака на велосипедистите. Заборавате дека наместо органски мозок, кој имал милиони години за еволуција на конгитивна способност за запирање на раскрсница, во возилото сте со вештачка интелегенција направена перд десетина години“.

По се изгледа дека Метју Инман, кој е фан и на електричниот автомобил Tesla Model S, е избран за прв возач на возилото поради можноста да го пренесе својот глас до милиони луѓе кои можеби и се сомневаат во можностите на Google автономниот автомобил, а секако и за популаризација на автономните возила.

[youtube]CqSDWoAhvLU[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии