Google го претстави Chromecast и новиот Nexus 7

Не помина многу време откако се одржа овогодинешната Google I/O конференција, а веќе Google ни претстави неколку нови продукти. Денешниот настан на Google, за кој новинарите беа известени неодамна, беше посветен на таблет компјутерите и Chrome.

Првин беше претставен новиот Nexus 7 чиј претходник успеа да преземе 10 отсто од пазарот на таблет компјутери што работат на Android. Новиот Nexus 7 ќе работи на Android 4.3, има 1,5 Ghz четири-јадрен Snapdragon pro процесор, 2 GB RAM, 7 инчен IPS дисплеј (1920 х 1200), 5 мегапикселна задна и предна камера со 1,2 мегапиксели, а ќе има и 4G LTE поддршка. Се за цена од 230 долари.

Новиот Nexus 7 ќе има поддршка за повеќе корисници и „забранети профили“ кои ќе им овозможуваат на родителите да ја ограничат употребата на таблетот. Стариот Nexus 7, Nexus 4, Galaxy Nexus и Nexus 10 од денес ќе добијат Android 4.3.

Google се пофали дека Google Play брои 50 милијарди преземања и бележи 2,5 пати поголема заработувачка од корисник во изминатите неколку месеци. Целиот маркет брои над 1 милион апликации.

Следната новост се однесува за Chromecast кој претставува HDMI уред со кој ќе може брзо и едноставно онлајн видеото и музиката да се пренесе на телевизорот. Малиот уред работи на Chrome OS, се поврзува на домашната Wi-Fi мрежа и може да се контролира преку паметен телефон, таблет компјутер или лаптоп.

Chromecast во моментот е достапен само во САД и ќе чини ефтини 35 долари, а во блиска иднина се очекува уредот да биде дел од некои поголеми уреди. Со помош на овој уред, корисниците ќе може видеата што ги гледаат на YouTube да ги пренесат на телевизорот. Односно, доколку отидете на YouTube преку вашиот таблет компјутер, на страницата ќе ви се појави копче „Cast“, со кое мултимедијалната содржина ќе се прикаже на ТВ екранот.

[youtube]cKG5HDyTW8o[/youtube]

1 коментар на “Google го претстави Chromecast и новиот Nexus 7

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии