Google го претстави Chrome оперативниот систем

Chrome OS е направен за корисниците кои го користат компјутерот само за сурфање и користење на Интернет. Оперативниот систем е како да имате само прелистувач, по стартување на компјутерот првин ви се отвара прелистувачот преку кој користите веб апликации, ништо повеќе од тоа. Освен што наликува на прелистувачот, OS го користи Chrome енџинот што значи дека е доста брз оперативен систем. Можеби најважно од се е што Chrome OS користи веб апликации, пример Google Docs, кои ги складираат податоците во облакот, на интернет. Бидејќи се на облакот корисникот има пристап до сите свои податоци од било кој Chrome ОS само со едноставно логирање.

Google веќе го стартуваше Chrome Web Apps, кој е продавница за апликации за Chrome прелистувачот и оперативниот систем.

Chrome OS иако претставен сепак не е спремен за користење. Затоа Google стартува пилот програма со небрендирани ноутбукови за тестирање на оперативниот систем. Конечната комерцијална на Chrome OS ќе се појави првин во САД на средина на 2011 година на Acer и Samsung ноутбукови, а потоа и во останатите земји и на уреди од други произведувачи.

Подолу е видео од официјалното Google претставување на Chrome OS, водено од Сундар Пичаи, главниот продукт менаџер на Chrome.

4 коментари на “Google го претстави Chrome оперативниот систем

  1. Мала исправка: Chrome OS е наменет за корисници кои сурфаат и/или кои имаат веб-базирана апликација во своите фирми.
    Е, се надевам дека сега, конечно, е јасно: Правете веб апликации! Ова е основната порака која треба да ја разберат сите софтверски компании. Особено македонските, заглибени во .Net десктоп технологии, Клипери, Делфија, или, во најдобар (но не доволно добар) случај – Java.

    Јас, фала на прашање, ја разбрав работата уште пред 3 години …

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии