Google го претстави Brotli, новиот алгоритам за компресија

Новиот алгоритам за компресија од Google ќе а ги намали фајловите, а со тоа ќе се забрза видео стримот, но и преземање на фајловите. Brotli е со отворен код, може да ги намали фајловите за 26 отсто повеќе од алгоритмите за компресија кои сега се користат, а со тоа и да го „забрза“ отворањето на страни, видео и сите останати содржини.

Намалувањето на сликите, веб-фонтовите и останатите содржини, нема да доаѓа на сметка на процесирачката моќ, бидејќи Brotli помалку го оптоварува процесорот од останатите стандарди како: Zopfli, LZMA и LZHAM.

„Зголемувањето на компресијата овозможува подобро користење на просторот и побрзо отворање на веб-страни. Се надеваме дека во иднина форматот ќе биде подржан од сите прелистувачи, а поголемата компресија ќе биде уште поважна за мобилните корисници, кои освен помал сообраќај помалку ќе ја оптоваруваат и батеријата,“ вели Золтан Сзбадка од тимот зад Brotli на блогот на Google.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии