Google го префрла производството на автономни возила во нова компанија

Автономните автомобили ќе го напуштат Google. Холдинг компанијата Alphabet ќе ги извади автомобилите од портфолиото на Google и ќе креира нова компанија Waymo LLC. Со ова автономните возила стануваат посебен бизнис, а компанијата наскоро можеби и ќе започне со посериозно производство, јави Wall Street Journal.

Директор на Waymo ќе биде Џон Кафик кој и досега беше човекот задолжен за автономните возила.

Она што може да се заклучи е дека Alphabet смета дека технологијата е готова и наскоро ќе може да излезе со готови возила. Ова може и да значи дека Google верува дека се спремни и за заработка од оваа новокомпонирана индустрија.

Она пто е интересно е дека како и останатите компании и Google смета дека автономните возила се најпогодни за сервиси за споделување на превоз, транспортна логистика и за превоз со камиони. Дополнително Google е подготвен и да ја лиценцира компанијата на производители на автомобили, од што можеби и ќе ја добијат првата посериозна заработка. Се разбира ова може да значи и дека Google воопшто нема да произведува возила, туку единствено ќе работи на технологијата зад флотите.

Google работи и на пикап камион кој ќе може самостојно да вози. Автономните камиончиња се можност за Alphabet да започне технологија за транспорт. Компанијата овие возила (Chrysler Pacifica) започна да ги тестира во мај, но досега нема официјална најава од Google, јави USA Today.

Најверојатно најголемиот проблем за компанијата ќе бидат законите, кои засега не дозволуваат автономни возила. Сите возила од производителите мора да имаат простор за возач и можност за негово влијание. Google издава и месечен извештај за незгодите на патот на автомните возила, и барем засега овие возила се побезбедни од возилата кои ги управуваат луѓе, а досега возилата поминале над 2 милиони километри.

1 коментар на “Google го префрла производството на автономни возила во нова компанија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии