Google го отвори кодот на Android Ice Cream Sandwich

Google го ослободи кодот на најновата верзија на Android, 4.0, или популарно познат како Ice Cream Sandwich. Ова е доста интересен потег од страна на Google кој претходно одбија да го објават кодот на Honeycomb, верзијата за таблет компјутери, велејќи дека причината за тоа е дека производителите би го користеле и за телефони и со тоа не би понудиле добро корисничко искуство.

Сега со Ice Cream Sandwich Google има мобилен оперативен систем кој е оптимизиран и за паметните телефони и за таблет компјутерите. Објавениот код покрај новите API-ја и подобрените перформанси, го содржи и кодот од Honeycomb, но, според софтверскиот инжинер на Google, Жан-Баптист, овој код не е комплетен „и затоа би сакале сите да се фокусирате на Ice Cream Sandwich”.

Отварање на кодот ќе биде корисно за раните производители, кои работат и не работат со Google, да го искористат Аndroid ОС за своите идни паметни телефони и пред се таблет компјутери. Моментално, пазарот на таблет компјутерите е доминиран од iPаd-от, но се очекува таа доминација да се намали откако ќе започне масовното производство на таблет компјутери кои ќе работат на Android, како што се случи претходно со пазарот на паметни телефони.

3 коментари на “Google го отвори кодот на Android Ice Cream Sandwich

    1. Win8 за ARM ќе излезе ама заборави на компатибилноста со TotalCommander, Winrar, Delphi итн. Сите апликации ќе треба да се напишат од ново а за тоа ќе треба време !

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии