Google го откачи WebKit во замена на свој енџин Blink

Google ќе престане да користи WebKit како рендеринг енџин за својот прелистувач Chrome. Google вели дека иако WebKit e моќен енџин, сепак нивниот Chromium користи различен „мулти-платформска архитектура“ од другите прелистувачи, и затоа ја зголемува „комплексноста“ при иновација на Chrome. Како замена ќе користи свој енџин Blink со кој Google вели дека ќе успее да тргне 7.000 фаjлови со 4,5 милиони линии код од Chrome. Поедноставен код значи и постабилен и побрз прелистувач.

WebKit е софтвер кој ги процесира инструкциите на веб страните кои се вчитуваат преку прелистувачите. Проектот е стартуван од Apple уште во 2001-ва година како енџин за Safari. Apple го отвори кодот во 2005-та година што резултираше денес WebKit да биде најпопуларен мобилен и десктоп енџин. Chrome, Safari, Opera и BlackBerry користат WebKit, додека Firefox користи Gecko, а Internet Explorer Trident. Иако звучи проблематично за веб програмерите кои ќе треба да се грижат за како ќе бидат рендерирани нивните сајтови на различните прелистувачи, сепак на почеток Blink нема да биде голема промена. Енџинот е базиран на отворениот код на WebKit. Но, со текот на времето Google, со помош на Apple и Opera, ќе го претвори во тотално различен проект.

„Ова не беше лесна одлука. Знаеме дека претставување на нов рендеринг енџин може да има значителни импликации на Вебот. Но, веруваме дека имањето на повеќе рендеринг енџини – слични како што има повеќе прелистувачи – ќе ја забрза иновацијата и преку време ќе го подобри целиот отворен веб екосистем.“, вели Google.

Проблемот со Blink е што ќе биде во рацете на Google кој има доминантна положба како со декстоп прелистувачите – Chrome е најкористен на пазарот – така и на мобилниот пазар каде Android е најпопуларен. Сепак, да се надеваме дека Google верува во своето мото „Не прави зло“.

Веста за Blink доаѓа веднаш по најавата дека Mozilla и Samsung ќе соработуваат на заеднички мобилен енџин за Android.

1 коментар на “Google го откачи WebKit во замена на свој енџин Blink

  1. Лош наслов.
    Дава грешна представа дека го замениле вебкит со нешто сосема ново а уствари е само fork на вебкит. Ќе помине подолго време додека има забележителни промени, особено од web-dev гледна точка.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии