Google го освежи алгоритaмот за индексирање

Google најави дека ќе го освежи својот алгоритам за индексирање на веб страници со цел да се прикажуваат што понови резултати. Ова е една од поголемите промени на алгоритамот за индексирање на Google, Caffeine, и ќе влијае на 35 отсто од пребарувањата, подобро одредувајќи кога да бидат прикажани важни навремени резултати, а кога не.

Според официјалниот блог на Google, оваа промена ќе биде корисна кога ќе се пребаруваат скорешни настани или актуелни теми на веб. Па така, пример доколку се бара некој спортски настан, или некое случување во светот, добиените резултати можат да бидат само минута стари.

Промената ќе влијае и кога ќе се пребаруваат резултати кои се одржуваат постојано, како што се годишни конференции, или претседателски избори. Без да се наведат клучни зборови, Google Search подразбира дека се очекува да се најдат најновите резултати. Исто така има настани кои се случуваат уште почесто, како еднаш неделно, па добиените резултати секогаш ќе бидат од последниот настан.

Истото ќе важи и за информации кои често се менуваат, но не се актуелни вести или повторливи настани. Па така, доколку се пребарува одреден производ, алгоритамот ќе ги даде најновите информации поврзани со тој производ.

Промената во алгоритамот се должи на сè поголемата потреба на луѓето да добиваат што понови информации. Оваa потреба се должи на платформите како Facebook и Twitter, кои веќе нудат резултати во реално време.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии