Google го обвини Microsoft за копирање на резултатите

Google станаа сомничави неколку месеци порано, и си покренаа своја „разоткривачка акција”, каде рачно внесуваа бесмислени параметри за пребарување, и се увериле во своите сомневања кога видоа дека истиот термин внесен и во Bing го дава истиот резултат.

Еве неколку примери:

Google:

google

Bing:

bing

  • Зборот mbzrxpgjys (чии резултати сега се сменети, зборот стана вест):

Google:

google1

Bing:

bing1

Си велите сега, па од кај знае Google дека тие се токму првите? Е тука доаѓа на виделина идејата зад нивната стратегија: пред да почнат да тестираат и да го „шпионираат“ Bing резултатите од овие пребарувања биа сосем различни. Google мануелно ги измениле за овие резултати да излегуваат први во понудениот избор, и после две недели Bing се фатиле во стапицата: и кај нив се појавиле гореспоменатите резултати!

Како Bing го прави тоа?

Google не се сигурни, но мислат дека тоа се прави преку Internet Explorer и неговите додатоци. На пример:

  • Suggested Sites – нивната полиса на приватност вели дека собираат податоци за Вашата интернет активност, што може да содржи и тоа што пишувате во пребарувачите;
  • Bing toolbar – кој исто така собира информации „за да го подобри вашето искуство” на интернет.

konferencija

Овој инцидент фрли сенка врз Bing кој требаше да биде тема на неодамнешниот Farsight 2011: Beyond the search box, настан спонзориран од Microsoft и Big Think, каде инженерот за софтвер за пребарување во Google, Мет Катс, отвори дискусија барајќи коментар од потпретседател во Microsoft, Хари Шум. Ова сигурно беше против ПР идејата на Microsoft да го истакне Bing како иновативен и конкурентен пребарувач.

Дали е илегално?

Не може да се каже дека е илегално, туку само дека не е фер. Наместо иновација и напредок на алгоритмите за сортирање кои ги користат пребарувачите, Bing реши да го направи тоа на полесниот начин, и да копираат од поуспешната конкуренција.

Microsoft и Шум одрекуваат тоа дека крадат информации од Google, и велат дека тоа што собираат информации од корисниците не е со таква цел, и додадоа дека го осудуваат Google што ги нападнал на конференцијата, велејќи дека е тоа само еден напад од ривал.

3 коментари на “Google го обвини Microsoft за копирање на резултатите

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии