Google го објави најновиот извештај за транспарентност

Google објави најнов извештај за транспарентност во кој се објавени сите барања од страна на државите и судовите во светот да се отстрануваат содржини од сервисите на Google, како и барања за кориснички податоци. Според последниот извештај за транспарентност, кој важи за од jануари до jуни, ваквите барања од страна на државите и судовите се далеку почести, во споредба со претходните извештаи.

Државите бараат да се отстрануваат содржини од најразлични причини, како на пример тврдења за клевета, како и прекршувања на локални закони кои забрануваат говор на омраза или порнографија. Google во последните шест месеци добил 15.600 барања за кориснички информации, што е 10 отсто повеќе од претходните месеци. Овие барања покриваат вкупно 25.400 индивидуални профили низ целиот свет.

Велика Британија и САД се меѓу државите со најголем раст на барања за отстранување на содржина од сервисите на Googlе. Велика Британија има 71 отсто повеќе барања од претходно. Причини за неколку од овие барања биле од национална безбедност, додека повеќето биле судски наредби поврзани со клевета и приватност. Барањата на САД за отстанување на содржина  се зголемени за 70 отсто, додека барањата за кориснички информации се зголемени за 29 отсто.

Google не ги прифаќа секогаш барањата, и не се должни да ги исполнат доколку компанијата семта дека нема основа за тоа. Па така, барањата на некои американски полициски служби да се тргнат YouTube видеа на кои се гледа полициска бруталност, не биле исполнети. Во поголемиот дел од случаите Google се сложува со барањата на државите, бидејќи мора да ги почитува локалните закони. Доколку не го стори тоа ќе мора да ги напушти тие држави, како што беше примерот во Кина, кога Google не сакаше да се согласи со цензурата на кинеската влада.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии