Програмерите сега ќе можат да го симнат изворниот код на најновата верзија на мобилниот оперативен систем на Google. Koдот на Android 4.1 Jelly Bean може да се симне преку АOSP (Android Open Source Project) под името „Android-4.1.1_r1“.

Откако ќе го симнат кодот, индивудалните програмери ќе можат да започнат со креирање на персонализирани функционалности на Jelly Bean, додека производителите, како HTC и Samsung, ќе можат побрзо да подготват соодветни надградби на своите уреди. Целта на Google со раното објавување на кодот е да ја поправи грешката со претходната верзија Ice Cream Sandwich кој и по девет месеци е на само 10 отсто од уредите, и да видиме повеќе уреди кои ги користат сите предности на Аndroid Jelly Bean.

За корисниците кои го користат популарниот CyanogenMod ROM, оваа програмерска заедница најави дека веќе работи на нова Android верзија. А спорed Android Authority, иако CianogenMod работи на Jelly Bеаn кодот, тоа не значи дека наскоро нема да „видиме официјални, stock AOSP верзии за соодветните уреди“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии