Google го напаѓа Microsoft, овозможи Windows апликации во Chrome ОS

Виктор Дано

во Софтвер

Додека Microsoft се мисли како да овозможи Android апликации на Windows Phone за да украде поголем број на корисници на Google услугите, Google веќе започна со нападот врз Windows. Компанијата најави партнерство со VMWare која ќе му помогне да ги префрлат Windows апликациите на Chrome оперативниот систем. Windows апликациите ќе функционираат исто како што работат и сега, вели Google, објаснувајќи дека VMWare има инфраструктура со која преку облак ќе ги стрима апликациите директно на Chromеbook уредите. Преку облакот корисниците на Chromebook ќе имаат и пристап до Windows.

„Desktop as a Service (DaaS) ја премостува разликата помеѓу облакот и традиционалниот декстоп компјутер бидејќи дозволува да се користи традиционалниот софтвер во облак и да може да се појавуваат апликациите директно во Chromebook како што ги користите сега“, вели Google.

Како што забележува TechCrunch, Remote Control решенија за Chrome веќе постојат; има и трети апликации и Google има свое решение. Но, ниту едно од тие не нудат доволно безбедност за да ги натераат компаниите да користат Chromebook уреди. Целта на Google се секако бизнисите, и со решението на VMWare кое ќе биде целосно менаџирано и со претплати, ќе може да им го понуди хибридното искуство.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии