Google го награди човекот кој им го врати доменот

Дејан Соколоски

во Веб, Свет

Се сеќавате на Санмај Вед, кој пред пред десетина дена успеа да го купи Google.com, и тоа од Google Domains? Гигантот по само неколку минути си го врати доменот, но одлучи да го награди г. Вед со парична награда. Санмај Вед, кој во иднина може да очекува сопствено меме налик на “Good Guy Greg”, бидејќи сите пари од наградата ги подари во добротворни цели. Google не можеше да остане рамнодушен и ја удвои наградата на г. Вед.

„Не се грижам за пари. Ова никогаш не беше за пари, само сакам да им дадам пример на луѓето кои пронаѓаат багови дека не секојпат се работи за пари“, вели г. Вед. Висината на наградата која Google му ја додели на г. Вед е 10.000 долари, но по објавувањето на намерата за донирање, Google ја удвои на максималната награда која ја даваат на „white hat“ хакери, односно 20.000 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии