Google го надгради Google Fit за подобра мотивација на корисниците

Дејан Соколоски

во Мобилни

Image courtesy of Google

Google целосно ја редизајнираше својата фитнес платформа Fit. Во новата апликација се интегрирани неколку препораки од Американската асоцијација за срце и Светската здравствена асоцијација. Целта е со помош на овие препораки и гејмификација на „вежбите“, корисниците да бидат поупорни.

Вежбањето или движењето сега е поделено на два дела, кардио вежби даваат кардио поени „Heart Points“, а пешачењето дава поени за пешачење.

Целта на овие промени е да го натераат корисникот полесно да дојде до 10 000 чекори. Ова е препорачан број на чекори од лекарите и здравствените организации. Сепак бројката е преголема и добар дел од луѓето се обесхрабруваат. За ова да не се случува, Google Fit не ја покажува бројката како цел, но малку по малку ве тера кон неа. Само 30 минути побрзо пешачење 5 дена во една недела се доволни за неделните „потреби“ и подобрување на здравјето.

Промените и надградбите полека ќе започнат оваа недела.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии