Google го лансира претплатничкиот сервис Google Play Pass

Некое време како се зборува за тоа кога би можел да биде лансиран претплатничкиот сервис на Google и што би можел да понуди. Времето дојде да дознаеме дека Google Play Pass нуди на располагање над 350 игри и апликации.

Новиот претплатнички сервис чини 5 долари месечно, но е моментно достапен само во Соединетите Американски Држави. Доколку американските корисници решат да го поддржат моделот во неговата прва година од постоење, претплатата изнесува 2 долари месечно.

Од Google објаснија дека ќе се потрудат да ја овозможат нивната претплатничка пропусница на што е можно повеќе земји, за исклучително брз период. Тоа значи, дека кога понудата ќе стане достапна во Македонија, би требало да уживаме во истите предности во првата година.

Што се однесува до она што е на понуда, за неполни 100 денари месечно, можете навистина да се изгубите во серија од исклучително квалитетни игри. Игрите и апликациите се целосно лишени од реклами. Она што следи се само некои од нив:

Bridge Constructor Portal
Chameleon Run
Evoland
Limbo
Lumino City
Monument Valley 2
Old Man’s Journey
Reigns: Game of Thrones
Sago Mini Pet Cafe
Star Wars: Knights of the Old Republic
Stardew Valley
Suzy Cube
Terraria
The Bug Butcher
Thomas and Friends: Race On
Titan Quest
Toca Nature
Wayward Souls

Претплатничката пропусница можете да ја споделувате со уште пет пленови од семејството. На располагање ќе има и пробен период.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии