Google го купува сервисoт за допишување и рекламирање Meebo

Во својот блог пост, Meebo објави дека нивниот сервис е купен од Google. Meebo е сервис за инстант допишување (MSN, AIM, Yahoo, gTalk, Jabber, …) формиран во 2005 година, а подоцна го објавува и својот Meebo Bar.

„Ние секогаш бараме подобри начини да им помогнеме на нашите корисници да ја споделуваат својата содржина и да се поврзуваат низ веб просторот како во релниот живот. Со знаењето на тимот на Meebo за алатки за друштвено објавување, ние веруваме дека добро ќе се вклопат во тимот на Google+. Ние гледаме напред и со тимот на Meebo се надеваме дека ќе создадеме повеќе начини за онлајн поврзување помеѓу корисниците.“, вели Google.

Googlе одбива да коментира колку чинело купувањето на овој сервис, но според информациите кои ги објави AllThingsD уште пред еден месец, се шпекулира дека цената е околу 100 милиони долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии