Google го купува Apigee за 625 милиони US долари

Дејан Соколоски

во Останато

Google објави дека ги купува акциите на компанијата за менаџирање со API, Apigee. Со тоа стартапот ќе премине во сопственост на Google.

Стартапот им овозможува на компаниите да крeираат дигитални производи со отворени API. Ова на Google ќе им овозможи побрза и подобра дигитална интеракција на корисниците на Google Cloud. Интеграцијата ќе овозможи креирање на безбедни API, кои истовремено ќе им дозволат доволно слобода на развивачите за продолжување со иновација.

„Apigee веќе го користат стотици компании Walgreens, AT&T, Bechel, Burberry, First Data и Live Nation. Walgreens на пример го користи Apigee да управува со API кои овозможуваат на цел екосистем од партнери и развивачи да ги користат, API на Walreens, вклучувајќи ги и Photo Prints API и Prescription API. Придобивките од дигитална интеракција се огромна можност за пазарот, до 2020 само компаниите од САД ќе потрошат 3 милијарди долари на менаџирање со API.“, вели Дијан Грин од Cloud Platform.

Што е API?

API е механизам кој на развивачите им овозможува интеграција со други апликации и сервиси.  Механизмот е од клучно значење за модерните сервиси за кои мобилните и дигиталните интеракции се од огромно значење. API-јата се како врска преку која комуницираат: компаниите, партнерите и корисниците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии