Google го купи Nest за 3,2 милијарди долари

Пионерите на „Интернет на нештата“, Nest, сега се дел од Google Компанијата за оваа аквизиција потроши 3,2 милијарди долари, а се чини дека спојувањето е на радоста на двете страни. Ова е втора голема аквизиција на гигантот во кус период, откако компанијата неодамна се засили и со Boston Dynamics.

Nest се кратори на паметен против-пожарен аларм и на Nest Learning Thermostat уреди кои се неопходни во секој дом. Иако овие уреди се здодевни, сепак револуционерна иновативност на Nest ги направи овие два веќе подзаборавени уреди повторно возбудливи и ќе биде навистина интересно да се види до каде ќе оди нивната иновативност под Google.

„Основачите на Nest, Тони Фадел и Мет Роџерс создадоа одличен тим кој со возбуда го дочекуваме во фамилијата на Google. Тие веќе испорачуваат воодушевувачки уреди кои можете да ги купите уште сега, термостат кој го намалува трошењето и противпожарни аларми кои го чуваат вашето семејство“, рече Лари Пејџ по повод аквизицијата.

Целата интеграција ќе заврши по некоку месеци, но Google нема да ја ограничи примената единствено на Android, подршката за iOS оперативниот состем, но и веб поддршка. Nest дури објави дека нема да споделува информациите за купувaчите со Google.

„Воодушевени сме што му се приклучуваме на Google. Со нивната подршка, Nest че биде во подобра положба за креирање на едноставни, паметни уреди кои ќе го прават живот дома полесен, а ова ќе има позитивен ефект на светот“, вели ко-основачот на Nest, Тони Фадел.