Google го купи Like.com, визуелниот шопинг пребарувач

„Ние бевме првите кои го донесоа визуелнотот пребарување во шопингот, и првите кои изградија автоматски систем за споредување на облекла, и повеќе. Не застанавме тука, ниту имаме планови да застанеме. Му се приклучуваме на Google со цел да си ја прошириме визијата и пасијата.“ вели Мунџал Шах, директор на Like.com.

Google е познат по своите текстуални реклами на пребарувачот, но од неодамна започна да прикажува и визуелни реклами на редизајнираниот Image Search, страната за пребарување слики. Со технологијата на Like.com, Google ќе може да му парира на Bing пребарувачот на Microsoft кој има опција за пребарување слични продукти.

Според TechCrunch, Google платил 100 милиони долари за Like.com.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии