„Еден од клучните начини како луѓето бараат и пристапуваат до информација на мобилните уреди, исто како на десктопот, е преку пребарување. Како што развија паметните телефони, забележавме драматично зголемување во обемот на мобилното пребарување. Во последните две години, мобилното пребарување преку Google се зголеми за пет пати, со забрзано темпo. Во првите три месеци од 2010, луѓето со целосен webkit прелистувач (како на iPhone, Android уреди и Palm Pre) пребарувале 62 отсто повеќе одошто во претходните три месеци.“ вели Google во блог пост додавајќи дека со мобилните телефони луѓето можат да пребаруваат зборувајќи му на телефонот (Google Voice), со сликање (Goggles) или со преведување (Translatеr).

Google има доста развиени платформи за да го зграпчи и мобилниот пазар и да биде сериозен конкурент на Apple iAds. Покрај стандардните реклами кои се појавуваат во пребарувањето, Google разви и Click-to-call реклами, односно со кликање на рекламата вртите број до, пример, локален ресторан.

А со AdMob Google добива уште еден терен за пласирање реклами, а тоа се мобилните апликации. AdMob платформата пласира реклами на апликациите за Android и iPhone, а имаат и реклами со интерактивни видео делови и реклами со богата мултимедија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии