Google го финализираше договорот со HTC вреден 1.1 милијарди долари

Google и официјално доби свој хардвер оддел за паметни телефони. Финализиран е договорот со кој тимот на HTC се префрла и станува дел од хардвер тимот на Google.

Двете компании го објавија договорот кон крајот на септември, но беше потребно време за официјализирање и дозволи. Најважниот дел од договорот се 2.000 инженери од HTC кои се префрлаат во Google. Компанијата има неексклузивен договор за користење на авторски права на технологијата на HTC.

Тимот кој доаѓа во Google е всушност истиот кој работеше на Pixel уредите. Можеби баш ова и е причиниата поради која Google ја прекина својата пракса да соработува со различни производители на Nexus уредите. Дополнително, компанијата добива своја значајна база во Тајван, вели TechCrunch. Најверојатно ова е новата локација од која Google ќе оперира во Азискиот регион.

„Пресреќни сме што официјално го завршуваме нашиот договор со HTC, и му посакуваме добредојде на неверојатно талентираниот тим во соработката на подобри и поиновативни производи во иднина“, вели Тик Остерло од Google.

Да бидеме искрени, најверојатно помина доста време откако сме биле возбудени за некој телефон кој излегол од HTC. Највозбудливата и најинтересна технологија која по подолго време доаѓа од HTC, е сетот за виртуелна реланост на кој HTC соработува со Steam.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии