Google Glass продолжува да се развива како Project Aura

Image courtesy of Google

Речиси да не дознавме ништо повеќе за изгасениот Project Glass, освен дека на девелоперите им беше проблем да креираат апликации за уредот со проширена реалност. Но, Google, поточно Alphabet по ново, се поготвува за следната верзија на уредот. Project Aura е продолжение на очилата за проширена реалност за кој од компанијата се надеваат дека ќе донесе нешто не му успеа на Glass – широка прифатеност и комерцијален успех.

Шпекулациите за Project Aura во моментов се однесуваат работи на три уреди со дисплеј и без дисплеј. До финалната верзија два од трите проекти би можеле да бидат споени еден со друг, па на крајот да има две верзии на новиот уред. Уредот кој ќе доаѓа без екран ќе ги споделува податоците со корисникот преку глас, a како и на пертходникот звукот ќе се пренесува преку допир со коските на черепот, а не преку слушалки, јави Information.

Засега нема податоци за точниот период во кој ќе биде достапен уредот, но најавен е за следнaта година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии