Google Glass ќе има интеграција со Play Music за стримање и препознавање на музика

Google пoлека го збогатува искуството со нивните очила за проширена реалност Glass додавајќи сега интеграција со Play Music. Корисниците ќе можат да си ги поврзат своите музички колекции oд Play и да си стримаат музика додека ги носат очилата. Како што пишува New York Times, музичкиот сервис на Google нема да биде единствен музички сервис кој ќе биде достапен за очилата, туку ќе има и други.

Како што може да се види од промотивното видео подоле, стримањето на музика ќе се надополни одлично со Sound Search функционалноста за препознавање на песни со прашување “OK Glass, која песна е ова?“, Контролата на музиката ќе биде преку изговарање на ‘listen to’ командата, како што се користат и другите говорни команди, пример ‘take a picture’ за фотографирање. Заедно со поврзување на музиката, наскоро ќе бидат претставени и слушалки за околу 80 долари кои ќе може да се приклучат во Glass преку истиот порт наменет за неодамна претставената моно слушалка.

[youtube]l5XoAkOuWdM[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии