Google Glass, Android 5.0 Key Lime Pie или X-Phone… Што да очекуваме од Google I/O?

Google I/O 2013 конференција, која започнува неделава од 15-ти до 17-ти мај, без сомневање ќе понуди низа новости од Google, новини во веб апликациите и нови мобилни платформи. Иако постои дебата меѓу аналитичарите кои иновации ќе бидат претставени, скоро сите се сложуваат дека ќе видиме нова надградба на Android. Сепак, со оглед на тоа дека Jelly Bean е релативно нов, а негови надградби постојано излегуваат, нема да биде преголемо изненадување доколку биде презентирана само мала надградба на оперативниот систем. Иако мал дел од аналитичарите очекува и најава на 5.0 Key Lime Pie, сепак верзијата 4.3 е далеку поверојатен исход.

Речиси извесна е надградбата на Nexus 7 и презентацијата на новата верзија на истиот. Новата верзија според претпоставките ќе има побрз процесор, подобар дисплеј, безжично полнење и ќе биде потенок од претходникот. Motorola во соработка со Google можеби ќе го претстави X-Phone кој ќе треба да биде прва вистинска соработка на двата гиганти откако Google ја финализираше аквизицијата на Motorola Mobility.

Што се однесува до апликациите, дел од шпекулаците се околу новиот изглед на Google Maps кои би требало да бидат подновени. CNET, пак, предвидува обид на Google за етаблирање на Android и како гејминг платформа. Дел од ова е „разгорено“ од најавата за ангажирање на Ноа Фалсејн како главен дизајнер за видео игри.

Сепак најверојатно е дека и овој пат шоуто ќе биде украдено од Google Glass, па нема да биде изненадување и доколку публиката го проследи и целиот настан носејќи ги очилата со проширена реалност. А нема да биде изненадување ниту ако видиме повеќе авантури на ко-основачот Сергеј Брин додека ги носи очилата.

До Google I/O останува уште навистина малку време, па во очекување на среда кога се одржува настанот, можете да ни пишете што очекувате или што би сакале да престави Google?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии