Google ги следи сите ваши онлајн купувања

Google знае за секое купување кое сте го направиле онлајн, ако потврдата за ова купување пристигнала на вашата Gmail пошта.

Ако често купувате онлајн, тогаш на линкот Google ви презентира тон податоци за секоја онлајн трансакција која сте ја направиле. Дел секако ќе бидат од сервиси на Google, на пример Google Play, но продавницата следи и порачки од Ebay, Amazon, Sony Entertainment Network, Steam, практично секоја продавница на која се најавувате со Gmail профил. Листата за сите плаќања онлајн може да ја најдете на линкот погоре.

Она што веројатно може да ги радува корисниците е дека Google не ги користи овие податоци за на своите корисници да има испорача реклами. Листата постои единствено да го олесни следењето на сите сметки кои корисникот ги направил онлајн, велат од Google.

Податокот дека Google ги „чита“ мејловите на корисниците секако не е изненадување. Дури компанијата често ги користи примерите со податоци од поштата за презентирање на можностите на својот асистент. Секако тоа што знаеме дека Google ги чита податоците, не ја прави оваа листа пријатно изненадување.

Google секако додава дека ако не ви се допаѓа оваа листа може да ја избришете,  но тоа не е баш едноставно, корисникот треба да ги избрише сите потврди за плаќање од поштата или од листата да брише еден по еден резултат, вели Wired. Потоа од „preferences“-страницата ќе треба да одберете „Do not use private results“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии