Google ги скрати видео повиците за бесплатните корисници на Meet на 60 минути

Дејан Соколоски

во Веб

Image courtesy of Google

На почетокот на пандемијата Google ја отвори својата алатка за комуникација Google Meet за сите. Претплатата не беше услов, па и корисниците кои го користеа услугите бесплатно имаа подеднаков пристап. Тоа за жал завршува оваа недела. Google смета дека светот е веќе вратен во нормала и може да започнат со некакви ограничувања.

Сервисот за видео повици Meet започна со најава дека ќе разговорите ќе бидат ограничени на 60 минути. Сепак поради пандемијата Google неколку пати ја одлагаше одлуката за ограничување на времето. Последно беше одлагањето до 30-ти јуни, а компанијата овој пат не го продолжи терминот. Промената значи дека повиците со 3 или повеќе учесници се ограничени на 1 час, вели 9to5google.

Учесниците во разговорот по 55 минути ќе добијат известување дека ако сакаат да го продолжат разговорот „домаќинот“ треба да се претплати на сервисот. За месечна претплата од 9,99 долари корисникот може да разговара цел ден.

Промените кои Google ги најавува ќе бидат минорна неудобност за најголем дел од корисниците. Разговорите 1 на 1 нема да бидат никако зафатени со кратењето на времето, а за разговорите со повеќе учесници ќе може едноставно повторно да се воспостави повик.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии