Google ги претстави Pixel 5 и Pixel 4a 5G

Дејан Соколоски

во feature, Вести, Мобилни

По подолго најавување, Google конечно и официјално го претстави Pixel 5. Новиот телефон на компанијата доаѓа со 5G поддршка и значително пониска цена од минатиот „флагшип“ модел.

Телефонот доаѓа со неколку подобрувања кога хардверот е во прашање, но љубителите на хардвер веднаш ќе забележат дека телефонот доаѓа со Snapdragon 765G. Ова секако не е најновиот и најдобар процесор. Snapdragon 865 е најмоќниот мобилен процесор и тој веќе се користи во дел од најдобрите телефони на останатите производители.

Pixel 5 доаѓа со 8 GB RAM, но и ова иако е повеќе од доволно, е помалку од најдобрите телефони на Samsung. Секако прашање е дали навистина е потребен хардверот кој корејската компанија го користи во своите уреди. Сепак праксата со најдобар хардвер во флагшип телефоните е поставена одамна.

Што се однесува до остатокот на од хардверот телефонот доаѓа со 6-инчен 90Hz 2340х1080 OLED екран. Основниот модел доаѓа со 128GB флеш диск и 4000mAh батерија. Предната камера е скриена зад екранот и „ѕирка“ низ малечко дупче во горниот лев агол. Задната камера е стандардна за Pixel со таа разлика што сега едната од камерите е заменета со широкоаголна. Другиот објектив во оваа дуал камера е 12МР кој Google редовно го користи. Со оглед на тоа дека оваа камера е на врвот неколку генерации на паметни телефони, Google нема никаква причина да ја промени.

Една од технологиите кои е заменета е препознавање на ликот. На местото на овој начин на отклучување на телефонот се враќа стариот сензор за читање на отпeчатоци. Една од новите технологии додадена во овој уред е можноста за полнење на додатоците на телефонот од батеријата на телефонот.

Pixel 5 доаѓа со Qi безжично полнење и чини 700 долари, што е значително помалку од конкуренцијата. Веројатно наскоро ќе ги добиеме и првите рецензии на уредот. Па секако ќе биде интересно да се видат првите впечатоци.

Pixel 4a 5G

Pixel 4a 5G телефоните требаше да бидат претставени поодамна, но за жал пандемијата ги помести овие планови. Новиот телефон е поголема верзија на Pixel 4a. Доаѓа со 6,2 инчен дисплеј и ист процесор како и новиот Pixel 5, Snapdragon 765G. Хардверот на двата уреди е речиси идентичен, а цената на овој телефон е 500 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии