Google ги претстави новите Nexus 6P, Nexus 5X и таблет компјутерот Pixel C

На I/O конференцијата Google ги претстави своите најнови Nexus уреди и нов таблет компјутер кои го изработија сами. Како што се очекуваше, и овие уреди се навистина најдобрите Android уреди кои се појавиле на пазарот, и не само кога спецификациите и софтверот е во прашање, туку се најдобри и според изгледот. Компанијата ги претстави Nexus 6P изработен во соработка со Huawei и Nexus 5X со кој продолжува соработката со LG. Таблет компјутерот Pixel C го изработија сами.

Nexus 6P e high-end моделот кој има 5,7-инчен екран со 1440р резолуција и Snapdragon 810 v2.1 процесор, 3GB RAM и 32, 64 ili 128 GB RAM. Телефонот доаѓа со 12,3МР задна и 8МР предна камера, а овозможува и снимање на 4К видео и забавено видео со 240-фрејма во секунда. Ова е првата серија на Nexus телефони кои доаѓаат со USB Type-C, и според Google ова овозможува телефоните да се полнат значително побрзо од iPhone 6. Nexus 6P е изработен од алуминиум и доаѓа во 3 бои, бела, алуминиум и графит, и има со 3450 mAh батерија.

Оваа година се враќа и Nexus 5, со новата 5X надградба. Екранот е 5.2-инчен 1080р IPS LCD, надграден е и процесорот на Snapdragon 808, 2GB RAM, задната камера е иста како и на 6P моделот, а предната е 5МР. Слободниот простор е помал, 16 и 32 GB. Nexus 5X е изработен од пластика и доаѓа во бела, црна и плава боја, со 2.700mAh батерија. Заедно со телефонот Google започнува нова услуга Nexus Protect, која ја продолжува гаранцијата за 2 две години. Цената на телефоните започнува од 380 за Nexus 5X, а 500 долари за Nexus 6P, дополнителната гаранција чини 70 и 80 долари.

Двата телефони доаѓаат со Android 6 Marshmallow кој овозможува отчитување на отпечатоците, но за разлика од сите уреди досега, читачот е поставен на задната страна на телефонот. „Природно како што го држите телефонот“, велат од Google. Читачот ќе овозможува отклучување на телефонот, Android Pay или апликации кои ќе го имплеметираат. Новите телефони ќе го зголемат изборот на корисниците кои сакаат да се префрлат на Project FI. Услугата сè уште чини 20 долари месечно и дополнителни 10 за секој потрошен гигабајт.

Телефоните не беа единствен хардвер кој го претстави Google. Беше претставен и таблет компјутер наречен Pixel C, кој е Android алтернатива на Microsoft Surface. Pixel C доаѓа со Nvidia X1 процесот и 3GB RAM. Екранот е 10,2 инчен, има тастатура која може да се откачи, Android 6.0, а ќе чини 500 долари. Тастатурата е дополнителни 150 долари. Таблетот е целосно произведен од Google, а според најавите ќе биде достапен за новогодишните празници.

Google го претстави и новиот Chromecast 2.0. Стикот сега е значително побрз и доаѓа со поинаков дизајн, но цената останува 35 долари, како и функцијата – да ви овозможи да стримате што сакате на телевизорот. За жал Chromecast во моментов е достапен единствено во САД. Новитет е Chromecast Audio, малечок уред кој се приклучува на звучниците, а најверојатно претпоставувате дека овозможува стрим на омилената музика. Уредот поддржува куп апликации, помеѓу кои: Spotify, Pandora и Google Play Music. Командите до ChromeCast може да се издаваат или преку телефон или преку паметен часовник, а цената е иста како и за стандардниот Chromecast, 35 долари.

2 коментари на “Google ги претстави новите Nexus 6P, Nexus 5X и таблет компјутерот Pixel C

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии