Google ги претстави Nexus 4, Nexus 7 и Nexus 10

Иако ураганот Сенди ја одложи прес-конференцијата на која требаше да бидат претставени Nexus 4, Nexus 7 и Nexus 10, Google сепак се одлучи уредите да бидат презентирани на својот блог. Под мотото „Најдоброто од Google од сега во три големини“ компанијата ги презентираше Nexus 4 паметен телефон кој ги изработуваат во соработка со LG и Nexus 10, таблет на кој соработуваат со Samsung, кој му се приклучуваат на новата верзија на Nexus 7 таблет компјутерот.

[youtube]pHuoDqcIyqk[/youtube]

Новиот Nexus e изработен од LG и е прва ваква соработка помеѓу двете компании. Телефонот има 4,7-инчен екран, 1.5 GHz четири јадрен процесор и 2 GB RAM. Телефонот има две камери предна од 1,3 Mpx и задна од 8 мегапиксели. Според Google, LG Nexus 4 е паметен телефон со најбрз процесор во моментов. Покрај ова, како Nokia Lumia 920 и овој телефон доаѓа со безжично полнење. Nexus 4 доаѓа и со WiFi и Bluetooth конективност но и NFC што ќе го направи споделувањето на апликации поедноставно.

Новиот таблет компјутер Nexus 10 е изработен од Samsung и е најавен како најдобар уред за забава. Десет инчниот дисплеј е со 2560×1600 резолуција и 300 пиксели на инч. Батеријата овозможува 9 часовно гледање филмови или 500 часа во мирување. Уредот ќе подржува повеќе корисници кои својот профил ќе можат да го изберат на екранот за отклучување.

Најголемата вест за Nexus 7 е дека Google ја „пензионира“ верзијата со 8 GB простор, а на нејзино место доаѓа 16 GB верзија. Всушност Google двојно ќе го зголеми капацитетот на Nexus 7 уредите, па наместо 8 ќе биде верзијата со 16 GB односно 32 наместо 16 GB.

Сепак Nexus 10 и Nexus 4 не се само нови уреди, таблетот и телефонот се пионери на новата 4.2 верзија на Jelly Bеan. Новата надградба на оперативен систем доаѓа со „Gesture Typing“ што овозможува да го влечете прстот по екранот кога пишувате наместо досегашниот начин на пишување. Android 4.2 доаѓа и со „Photo Sphere“ апликација, мотивирана од Street View, а овозможува фотографии во 360 степени. Ново е и додавањето на Miracast протоколот кој овозможува стримање на видео од телефонот на телевизори, засега со потсредство на Miracast Box, но LG најави интеграција во сите телевизори од компанијата кои ќе излезат во 2013 година.

[youtube]66-4uMQqerA[/youtube]

Цените на уредите ќе бидат 299 долари за 8GB односно 349 долари за 16 GB верзија на Nexus 4, цените се за отклучени телефони без договори за претплата кои би требало да ја намалат цената на телефоните. Откако Google ја исфрли Nexus 7, 8 GB верзија на нејзино место доаѓа варијантата со 16GB простор па отсега за 199 долари ќе може да се купи 16 GB Nexus 7, а за 249 долари ќе може да се купи 32GB верзија.

Новиот Nеxus 10 уред ќе чини 400 и 500 долари за таблет компјутерите со 16 GB и 32 GB простор.

Ќе биде интересно да е види и колку од корисниците ќе ја надградат Android верзијата на 4.2 посебно ако се има во предвид дека последните вести за пенетрацијата на 4.1 ја ставија надградбата под 2 отсто.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии