Google ги најави Live Transcribe и Sound Amplifier, алатки за луѓето кои имаат проблем со слухот

Google претстави две нови апликации наменети за луѓето со пречки при комуникација. Live Transcribe и Sound Amplifier се наменети за луѓето со оштетен слух. Иако на прв поглед можеби и не ви делуваат импресивно, кога ќе помислите како ќе влијаат новите апликациите од Google на луѓето со оштетен слух, не може, а да не аплаудирате. Во светот има 446 милиони луѓе со оштетен слух.

Live Transcribe е апликација која автоматски и во реално време прави транскрипција на говор. Како што претпоставувате од името, апликацијата „слуша“ што се зборува и ова го претвора во текст. Наместо текст кој што можеби не може да го слушне, корисникот на екранот на својот телефон добива текст кој може да го прочита.

Sound Amplifier е апликација која Google ја најави пред речиси една година на Google I/O, но официјално излегува сега. Апликацијата на корисникот му овозможува да го претвори телефонот во апаратче за слушање. Ова се прави со менувања на нагодувањата на телефонот. Со помош на вештачка интелигенција, може да се намали амбиенталниот звук, да се исчисти гласот, да се појача звукот и да се промени јачината на левиот и десниот сигнал.

Двете апликации ќе доаѓаат со Pixel 3 телефоните, а ќе може и да се преземат од Google Play Store. За жал достапноста и на двете апликации е ограничена. Live Transcribe е во затворена бета, а Sound Amplifier доаѓа единствено на телефоните со Android 9.

Sound Amplifier е достапен секако без ограничување на јазикот. Live Transcribe освен што е во ограничена бета верзија, е достапен на 70 јазици. Бројката е висока, и веројатно ќе бидат достапни повеќе јазици пред да излезе за поширока употреба.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии