Google ги надгради своите алатки и ги ребрендира во G-Suite

Google ќе ги надгради Apps for Work и повторнo ќе им го промени името, овојпат во G-Suite. Заедно со промената на името, компанијата ќе го подобри сервисот, со интеграција на вештачка интелигенција. Со ова сите сервиси ќе станат подобри, ветува Google.

Компанијата веќе ја користи вештачката интелигенција за дел од услугите. „Smart Reply“ овозможува брзи одговори на е-поштата. Сега 10 отсто од сите одговори се генерираат автоматски. Google се надева дека сличен успех ќе има и со „Quick Access“. Функцијата овозможува автоматско препознавање на најверојатните фајлови кои му се потребни на корисникот и ги поддредува во овој редослед. Проценката на Google е дека ова ќе го преполови времето поминато во барање на фајлови.

 

Надградба доаѓа и за календарот. Сега вештачката интелигенција им помага на корисниците да пронајдат слободен термин за состанок. Со оглед на тоа дека станува збор за алатки за соработка, сервисот може да препорача термин кога вработените се слободни или барем кога најголем дел од вработените се слободни.Табелите сега доаѓаат со значително поедноставување. Наместо формули, пример за средна вредност или максимум, корисникот ќе може да постави прашање. Прашањето е со „природен јазик“ кој го користиме за комуникација. „Natural Language Processing“ ќе го преведе и ќе понуди решение.

Наградбата на Google Docs овозможува поедноставно користење на функционалноста додаден за истражувањето, но истовремено им предлага на корисниците слични интересни теми. Корисниците можат да пребаруваат по постоечките документи за да пронајдат сличен текст.

Поедноставување доаѓа и за презентациите. Надградбата се однесува на визуелниот изглед на слајдовите и презентацијата. Користењето на функционалноста ќе им овозможи на сите корисници да заштедат во време, а Google вели дека може да се заштеди и до 30 отсто од времето минато во уредување на слајдовите.

Најдобриот дел од новите функции е дека стануваат подобри колку повеќе ги користите. Така некоја од функциите која можеби и воопшто не ни заштедува време кога почнувате да ја користите, балгодарение на вештачката интелигенција може да ни заштеди многу време во иднина.

Нови сервиси за соработка

Освен надградбата на постоечките сериси, Google претстави и два новитети „Drive for teams“ и „Meeting for teams“.

Drive е всушност заеднички простор во облакот кој можат да го користат корисниците на тимовите. Сервисот овозможува споделување на содржини и слики, додавање на членови или бришење на членови во тимовите. Споделувањето на содржина со нови членови е едноставно, со додавање на нов член веднаш му се достапни сите содржини.

Meeting е замена за Hangouts. Станува збор за алатка за конференциски средби, корисниците нема да имаат потреба од никаков долнителен софтвер за присуство на средбите. На овие конференции можат да учествуваат до 50 видео учесници. Сервисот доаѓа со интеграција со календарот, а може едноставно да се споделат слики или видеа од тоа што говорникот во моментот го гледа на екранот.

Двата сервиси, Meetings и Drive засега се достапни во рана фаза, единствено за учесниците во „Early Adopter“ програмата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии