Google Games ќе биде една платформа за сите видео игри

Google продолжува да ги пакува во едно сите свои сервиси. Започна со основното, една полиса за приватност за сите сервиси, па ја собра забавната содржина со Google Play објавен денеска, и ќе продолжи со Google Games.

Според продукт менаџерот на Google+, Пунит Сони, Google сака да ги соедини друштвените Google+ Games, десктоп Chrome Web Store игри и мобилните Android игрите во една платформа која ќе користи HTML5 и Google Native Client за да овозможи играње игри преку разни уреди. Таа нова гејминг платформа ќе има Hangouts за видео комуникација, алатка која ја има во Google+, ќе има подобра графика како Chrome, мобилни игри, и подобра дистрибуција и откривање на апликации.

„Беше многу јасно дека игрите се едни од првите нешта кои ќе ги ставиме во Google+. Игрите ги зближуваат луѓето. Тие се важен дел за како корисниците комуницираат онлајн. Програмерите на игри ги поместуваат границите, и игрите се забавни.“, вели г. Сони на Game Developers Conference во Сан Франциско.

Целта е таа идна платформа, на која се работи во моментов, вели тој, е да биде едно место за сите игри кои корисниците ги играат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии