Google Fit надградена токму пред празниците

Google ја надгради својата Google Fit апликација во вистинско време за празниците. Главен фокус на надградбата овојпат не се телефоните туку часовникот. Корисниците кои поседуваат Wear OS часовник добија нова функционалност.

Надградба која е достапна за сите е виџетот за оваа апликација кој сега може да се користи на „home“-екранот. Ова секако не е спектакуларна, но ќе биде корисна надградба за сите кои редовно ја користат апликацијата. Промена е направена и при рачниот внес на некоја вежба, а корисникот ќе може да го внесе и интензитетот на вежбата.

Другата функционалност која е додадена е „длабоко дишење за смирување“. За жал ова е достапно единствено за корисниците на Wear OS. Сите сопственици на паметен часовник сега ќе може да се смируваат со Fit. Зошто функционалноста е достапна исклучиво на Wear OS не е сосем јасно, иако можеби апликацијата користи некои од сензорите на часовникот.

Google Fit е веројатно една од најпопуларните апликации за следење на активностите на корисниците. Генерално е наменет за не премногу активни корисници кои сепак не прават посериозни вежби. Апликацијата го следи корисникот на мапата и во зависното од колку брзо корисникот се движи сервисот пресметува каква е активноста. Секако периодот околу новогодишните празници сите помалку внимаваме колку јадеме, па апликацијата секако ќе ни биде корисна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии