Google Fiber нема да дискриминира, ниту ќе има „брзи линии“

Google Fiber нема да наплаќа пиринг (peering), ниту ќе имплементира „брзи линии“, објави компанијата на својот блог. Во постот Google работи на техники со кои ќе го минимизира баферирањето. „Бидејќи знаеме како да стримаме видео и да прелистуваме без напор, ја дизајниравме нашата мрежа за да се минимизира бафирањето“, објаснува компанијата.

Компанијата објавува и дека во соработка со Netflix, Youtube и Akamai ќе го направат патот на видеото покус и со тоа побрз. За да се намали влијанието на „тесни грла“, Google Fiber ги повика креаторите на содржини на колокација. Така Netflix ќе ги постави своите сервери во дата центрите на Google Fiber, со тоа кога корисниците ќе одберат некое од видеата тоа ќе биде достапно до северите кои се најблиску до корисникот кој го нарачал видеото. Поради ова услугата која ќе ја нудат Netflix и Akamai преку Google Fiber ќе биде поквалитетна доколку до нив се стигаше преку интерконекција со други провајдери.

„Но не наплаќаме бидејќи ова е ситуација во која сите победуваат. Добро е за креаторите на содржини бидејќи можат да понудат квалитетен стрим на видео до своите корисници. На пример бидејќи Netflix ги премести своите центри по нашата мрежа нивните корисници имаат пристап до 1080р HD видеа или за оние кои имаат 4К-телевизот Ultra HD 4K. Добро е за нас бидејќи ни штеди пари (полесно е да се транспортира видео од локален сервер отколку да се транспортира преку илјадници милји). Но најаважно ова го правиме бидејќи им дава на корисниците на Fiber, најбрза, најдиректна рута до содржините. На овој начин може да стигнете до омиленото шоу побрзо. На крај овие договори ви помагаат да искусите најдобар пристап до содржините на Интернет – што е целата поента на Fiber.“

Оваа објава од Google Fiber доаѓа во период кога дел од останатите провајдери на интернет услуги веќе започнуваат да им наплаќаат на своите клиенти за peering, а Федералната комисија за телекомуникации излезе со предлог кој ќе ги озакони „брзите линии“ и ќе стави крај на интернет неутралноста.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии