Google и Facebook се приклучуваат на поддршката на интернет неутралноста

Facebook и Google се приклучуваат на протестите за зачувување на интернет неутралноста. Двете компании најверојатно ќе имаат најголема „тежина“ кога протестите се во прашање. Причината за ова секако е самата посетеност која ја имаат друштвената мрежа и сите сервиси на пребарувачот.

Бројот на корисници кои ќе ја видат пораката за слободен и неутрален интернет секако ќе има клучно влијание кон успехот на кампањата. Засега останува нејасно како ќе изгледа овој протест/кампања. Секако 12 јули и не е премногу далеку, па нема да мора да чекаме премногу долго. Дел од компаниите најавуваат дека ќе ги забават своите сервиси, со што ќе ја презентираат можната иднина. Не се исклучени и банери и пораки со кои ќе се рашири пораката за важноста на интернет неутралноста.

Facebook и Google им се приклучуваат на Amazon, Etsy, Netflix, Pornhub, Reddit, Kickstarter кои од поодамна ја започнаа иницијативата.

Кампањата секако нема обврзувачко значење за Федералната комисија за комуникации. Сепак доколку „галамата“ е преголема, конгресот може да му наложи на претседавачот на комисијата, Аџит Пал, да ја промени својата одлука, вели Fortune.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии