Google и Facebook имаат 3 месеци да се справат со екстермизмот на своите платформи

Европската Унија им остави 3 месеци на Facebook и Google да најдат начин и да го отстранат екстремизмот од своите платформи. Ова важи и за главните друштвени мрежи, но и за YouTube, Instagram, а и за Twitter.

Она што најверојатно нема да им се допадне на компаниите е дека мора да реагираат многу брзо. Компаниите ќе имаат еден час да отстранат екстремистичка содржина од своите платформи, откако истата е пријавена.

„Иако повеќе компании отстрануваат повеќе илегална содржина од претходни, сепак мора да реагираме побрзо против терористичката пропаганда и другите илегални содржини кои се сериозна закана за безбедноста на граѓаните, и основните човекови права“, вели Андрус Ансип, од Европската комисија.

По три месеци европската комисија ќе направи нова проценка и ќе одлучи што треба да се прави во иднина. Доколку компаниите сами ја отстрануваат содржината доволно брзо, најверојатно нема да има потреба од дополнително законско решение, а ако ова не е случај, којзнае.

Препораките кои Комисијата ги донесе не се задолжителни, но судовите во Европа би можеле да направат промена ако поддржат некое од овие решенија, вели Guardian.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии