Google Earth сега достапен и на Edge, Firefox и Opera

Google Earth, најпопуларната апликација која ви дозволува да гледате 3D слики од било каде во светот благодарение на сателитски фотографии, сега е достапна и на Microsoft Edge, Mozilla Firefox, и Opera. До пред скоро, истата работеше само на пребарувачот на Google – Chrome.

Причината зошто ова не било направено претходно, според Google, е фактот што Google Earth за Chrome бил изграден користејќи Native Client (NaCl), што е решение кое работи само на Chrome. По неколку месеци достапност како бета верзија, новиот Google Earth, кој е изграден со WebAssembly, сега работи и на други пребарувачи. WebAssembly е стандард кој дозволува апликации кои се правени во C/C++/Rust и слични јазици, да бидат достапни како веб апликации и да работат на најразлични пребарувачи.

Google Earth е достапен како веб апликација уште од април 2017та. Причината зошто бил изграден со NaCl е проста – пред неколку години, тоа бил единствен начин за Google да се осигураат дека ќе работи како што треба. Сепак, работите се променети, па WebAssembly превзема како водечки стандард за вакви намени.

И покрај фактот што пред неколку дена заврши шестмесечната бета, сепак Google Earth е далеку од совршен на други пребарувачи. Има уште работи кои треба да се досредат, а една од најголемите е фактот што апликацијата сеуште не е достапна на Safari, пребарувач кој е прилично популарен кај корисниците на macOS.

Несомнено е дека не постои многу љубов помеѓу Google и Microsoft кога станува збор за “туркање” на корисниците накај нивните пребарувачи – доколку ја отворите страната на Google преку Microsoft Edge, ќе добиете прозорец кој вели да се префрлите на Google Chrome. Доколку пристапите на Google Docs документ, ќе добиете нотификација дека ви треба Google Chrome за да го користите истиот офлајн. Покрај сите овие работи, фактот што Google сепак се трудат да направат бар дел од своите сервиси достапен на други пребарувачи е прилично позитивен за компанијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии