Google Earth ќе ги следи луѓето во реално време

{mosimage} Студентите од Институтот за технологија на Џорџија демонстрираа начин како преку Google Earth да се следи сообраќајот, движење на луѓето, натпревар во рагби, следење на облаците и дури и лет на птиците во реално време!

„Ги преставуваме методите за аугментативна (појачана) визуелизација на Земјата (преку алатки како Google Earth или Microsoft Virtual Earth) со динамична информација добиена од видеа. Нашата цел е да направи Аугментативна мапа на Земјата што ќе го прикажува животот пренесен од неколку динамични сценарија од градот“ пишуваат луѓето зад проектот, Кихван Ким, Др. Сангмин-Ох, Јеонгуи Ли и професор др. Ирфан Есе од Институтот за технолигја на Џорџија, САД.

Прво што помислив е „wow, супер“
за веднаш потоа да си помислам дека ова може сериозно да ја наруши приватноста на луѓето. Иако проектот се уште не е достапен, ова е само презентација, сепак звучи навистина застрашувачки. Уште пострашно што Google е спонзор на проектот кој е добитник на нивната награда за истражување. Ако Google не ве плаши, тогаш што ако некоја влада го имплементира ова?

Навистина страшно, но од друга страна и одлично сработено. Погледнете го видеото во кое има повеќе информации.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии