Google е блиску до остварување на сонот, Assistant е чекор до компјутерот од Star Trek

Google никогаш не криел дека кога компјутерите се во прашање, главна инспирација им е  Star Trek. Компанијата има доволно средства од рекламите кои покриваат дури 90% од нивниот приход. Сепак, со интернет на нештата, работите ќе се движат во нова насока. Ако Google не се подготви, парите од рекламите може да секнат. Сепак, ако компанијата е загрижена, тоа не може да го забележиме, вели New York Times.

Причината за ова можеби е бидејќи Google е чекор пред останатите кога гласовниот асистент е во прашање. Со ова Google во иднина ќе има централно место во домот, но и многу пошироко. Конкурентите како: Amazon преку Alexa; Facebook преку ботовите; Microsoft и Apple преку Cortana и Siri, секако се подобри во сегменти. Сепак ниту една од нив не е присутна насекаде како Google. Без разлика дали преку Chrome, Android TV, уредите со контрола во домот OnHub, возилата или паметните телефони; компанијата е единствена положба за креирање на Star Trek компјутер.

Star Trek компјутер овде не го користиме во некоја преносна смисла, туку токму она што го гледаме во серијата. Компјутер кој контролира сѐ; се активира со гласовни команди; ви помага и ви одговара на прашања.

Google преку Knowledge Graph одамна е пред конкуренцијата кога е во прашање пребарувањето, можностите за одговори на прашања, препознавање на говор, но и препознавање на клучните елементи во сложени прашања. Со подобрување на препознавањето на гласот и додавање на вештачката интелигенција, Star Trek компјутерот е чекор до реализирање.

Најверојатно порано отколку што очекуваме компјутерот ќе може да реализира сложени задачи. На пример, „Компјутер треба да одам на пат во Берлин“, компјутерот ќе може веднаш да го планира целото патување; од собирањето со возило од вратата, до резервирање на хотелска соба и резервирање на возило за враќање. На компјутерот можеби ќе му требаат неколку детали, како: дали сакате да одите со воз, авион; преку Виена или Будимпешта; дали да ги извести вашите пријатели во Берлин. Но, многу пoмaлку отколку што сега одговарате.

Се разбира можеби ништо од ова нема да се оствари, но ниту една компанија досега не била поблиску до реализација на компјутер кој е присутен насекаде, нешто што досега можевме да го видиме единствено на телевизиските и кино екраните.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии