Google Drive наскоро на GNU/Linux, но точен датум не е познат

Доколку ја отворите Google Drive страницата за GNU/Linux, ќе ве пречека порака дека сервисот сè уште не е поддржан. Зошто Google толку доцни со објавувањето на својата апликација за GNU/Linux, а истата веќе подолго време е достапна за Windows и Mac?

Според коментарот на Скот Џонстон, директор на одделот за продукт менаџмент, кој вели: „Дефинитивно е на нашата лист. Се извинуваме што не можевме да ви го испорачаме. Не дека не сакаме! Мое извинување што толку време ни беше потребно за Линукс“.

Инаку, доколку сте Ubuntu корисник или на некоја друга дистрибуција, како едно од решенијата да го користите Drive, можете да ја инсталирате апликацијата Insync.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии