Google Drive додаде поддршка за Face ID и Touch ID

Од пред неколку дена, Google додаде Privacy Screen за Google Drive на двата мобилни оперативни системи на Apple, iOS и iPad OS. Ова им овозможува на корисниците да ја отвараат апликацијата со помош на Face ID или Touch ID, во зависност од уредот кој го користат. На овој начин, имате дополнителна заштита на приватните документи кои ги имате на Google Drive.

Покрај ова, имате и избор дали сакате Privacy Screen да се активира веднаш штом отворите друга апликација, или истото да го одложите 10 секунди, една минута, или 10 минути. Ваквото подесување би требало значително да олесни мултитаскинг, при што нема да мора да се најавувате на секое кога ќе се вратите на Google Drive апликацијата.

Она што не е најсјајно е што дури и Google предупредуваат дека Privacy Screen не нуди комплетна заштита. На пример, функционалноста може да не ви ги заштити нотификациите од Google Drive, како и одредени функционалности од Siri, и некои други системски функционалности.

Поддршката за Face ID и Touch ID треба да е достапна низ целиот свет во моментов, а истата е многу добредојдена откако Google ја повлече можноста да ја заштитите Google Drive апликацијата со код пред неколку години.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии