Google Docs со оптичко препознавање на знаци на 34 јазици

Оптичкото препознавање на знаци работи така што ви овозможува да качите слики или .PDF фајлови кои потоа автоматски ќе бидат конвертирани во текст кој може да се менува. На пример, стари документи кои ги куцале на традиционална машина вашите баба или дедо, а би сакале да ги зачувате или поправите во дигитална форма.

Нови се 29 групи знаци, во кои се вклучени и јазиците на нашите соседи, но нашиот се уште не. Полна листа можете да видите на страницата за качување на фајлови, ако сте логирани со Google сметка, на местото каде треба да изберете јазик на документот кој ќе го качите.Google најавуваат дека ќе продолжат да додаваат нови јазици и во исто време да и да ја зголемуваат брзината и точноста на постоечките.

Ова функционира така што ќе ја одберете опцијата која е нагласена на сликата погоре, и ќе си одберете јазик. Потоа треба само да стиснете на копчето кое е наменето за да го качите документот, а е исто нагласено на сликата. Од Google велат дека се работи на тоа да се добие што поточна слика и подобро препознавање на знаците, и тоа ќе продолжи да оди во нагорна линија. Секако подобри резултати ќе добиете ако качите слики од висока резолуција или .PDF фајлови, за разлика од скенирани документи со слаб квалитет.

3 коментари на “Google Docs со оптичко препознавање на знаци на 34 јазици

  1. Би требало да организираме некоја петиција, ако се нафатите преку вашиот сајт да оди, да иницираме и OCR за македонскиот јазик. Не би требало да им е проблем, ќе имаат работа само уште за 5-6 карактера.

  2. Не разбрав од текстот дали станува збор за препознавање на карактери и карактерни особини кај луѓето, или пак станува збор за препознавање на знаци. Во македонскиот јазик се знае што е карактер а што знак. Доколку сакате да бидете водечки портал за информатички технологии, сметам дека треба да внимавате и на јазикот што го користите.

    1. Контекстот на Docs е јасен за што станува збор, да не претеруваме, нели? Не верувам дека ќе нема да бидеме разбрани од публика која повеќе го разбира англискиот во ИТ контекст, всушност почесто македонскиот превод е проблем кој мора да се објасни.

      Сепак, во право си, point taken и покрај цинизмот, ќе го средам текстот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии