Google Developer Student Clubs од годинава и во Македонија

Ова е гостински текст на Google Developer Group Skopje.


Во 2019 беше официјалниот старт на Google Developers Group Skopje & Women Techmakers Skopje. За само една година тие успеаја да организираат и поддржат многу значајни настани за ИТ заедницата локално, и да бидат дел од GDG настани, самити и конференции во САД и Европа.

Како проактивна заедница која е и огромен поддржувач на технологијата, ИТ заедницата, сите сегашни и идни програмери, од GDG Skopje имаат многу убави вести за сите ИТ студенти.

Во 2019 за прв пат беше лансирана Developers Students clubs во Европа, а оваа година, програмата за прв пат е достапна и за студентите на ИТ факултетите во Македонија. Моментално се отворени формите за аплицирање на лидери за академската 2020-2021 година.

За да отворите организација на DSC на вашиот универзитет, аплицирајте да бидете лидер овде.

Google бара студенти од Македонија кои ќе бидат лидери на својот кампус за програмата Developer Student Clubs [DSC].

Developer Student Clubs [DSC] се студентски заедници ширум светот со седиште на универзитети за ИТ студенти заинтересирани за технологиите на Google. Студентите од сите додипломски или постдипломски програми со интерес да растат како програмери се добредојдени. Со пристапување кон DSC, студентите го развиваат своето знаење во адекватна средина за учење во мрежата од заедници и дополнително многу често градат решенија за локалните бизниси и нивната заедница. Постојано има систематизирани програми, предизвици, настани и најразличен вид на поддршка за сите Google технологии. Ова е одлична база за да навлезете во светот на програмирањето како практично дополнување на вашите студии. Иако првенствено ова се подразбира за ИТ факултетите во Македонија, не смееме да заборавиме напредни и дигитални додипломски и постдипломски програми на останатите факултети, како на пример Економскиот Факултет каде постојат насоки како Маркетинг и Е-Бизнис. И овие студенти при својата професионална определба и надоградување многу често користат Google технологии и алатки. Затоа, овој повик важи за сите студенти кои во иднина може да имаат бенефит од постоењето на ваква организација и на својот кампус. 

Лидерите и членовите на овие организации се стекнуваат со солидно практично искуство, имаат пристап до многу технологии, алатки и програми и многу брзо се надоградуваат професионално, како себе, така и заедницата.

Зошто треба да се вклучите во програмата и да ја почнете првата DSC во Mакедонија?

  • Го развивате вашето знаење и знаењето на вашите колеги како програмери
  • Се здобиваш со искуство во лидерство
  • Имаш позитивно влијание врз другите студенти преку обуки
  • Градите решенија за локални проблеми во заедницата
  • Сте дел од глобална мрежа
  • Имате пристап до технологиита и платформите на Google
  • Добивате покани за избрани настани и конференции на Google
  • Присуствувате на DSC Leads Summit се запознавате со други лидери и Googlers, и имате многу други можности

Некои од активностите кои се дел од GDG & DSC заедниците:

-Talks

Запознавање со најновите случувања во Google светот

-Codelabs
Практично искуство и насоки од членовите на заедницата

-Campus Roadshows
Споделување знаења во различни компании, факултети и универзитети

-Live viewing parties
Заедничко следење на конференци и други настани од Google

-HashCode hubs
Глобални онлајн натпреварувања 
Формата за аплицирање се затвора на 16.05.2020 година во 10 часот.

Како ја пополнувате апликацијата за интерес?Повеќе детали goo.gle/dsc-leads

За да дознаете повеќе за Developer Student Clubs google.com/community/dsc

Споделете ги официјалните објави од @GoogleDevelopers на Instagram, Twitter, Facebook, YouTube, и од овој Blog.

Повеќе за искуството на еден лидер од DSC UK може да прочитате на овој линк.

За сите прашања и информации, слободно може да се обратите на [email protected]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии